Поради се поголемиот проблем  на младите луѓе во Југоисточниот регион кои сакаат да основаат сопствен бизнис, да изградат успешна кариера со добивање на практиканство или вработување во некоја од најуспешните компании, Здружението ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, во склоп на проектот JINGER,  организираше дводневен настан кој претставуваше одлично место за остварување на контакти помеѓу успешните компании и младите луѓе.

Едукативниот семинар „ДЕНОВИ НА КАРИЕРА“ ја оствари својата цел да ги поврзе младите студенти, дипломци, невработени лица и лица со завршено средно образование кои сакаат да стекнат вештини за аплицирање за практиканства или вработувања, со претставници од успешни компании и институции кои нудат вработување или практиканства на млади талентирани луѓе спремни да бидат дел од нивната организација.

Семинарот се оддржа на 6-ти и 7-ми Октомври во Хотел „Тивериопол“ во Струмица и на него присуствуваа повеќе од 40 млади лица од Југоисточниот регион, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија и претставници на повеќе успешни компании од истиот, меѓу кои и рудникот „Бучим“ од Радовиш, Стопанска Банка А.Д. Скопје и Идеја Плус, како и претставници од регионалните медиуми ТВ Кобра и ТВ Вис.