Print

Здружението ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, активно започна со спроведувањето на прекуграничниот проект „Заедничко имплементирање на иновативни алатки за новата генерација на претприемачи и професионално развивање“ во соработка со партнерите од Република Бугарија, фондацијата „Каузи“ и фондацијата за културно и интелектуално развивање „Оптимист“, кој е финансиран од страна на Европската Унија преку ИПА прекуграничната програма Бугарија - Македонија.

 

Основната цел на проектот е подобрување на вработување преку поддршка на развојот на кариерата и промовирање на претприемништвото за одржлив економски раст во прекуграничната област со подобрување на пристапот до информации, ИКТ алатки, трансфер на најдобри практики и градење на економска синергија за малите и средни претпријатија во Југоисточниот регион на Република Македонија и во регионот на Ќустендил и Благоевград во Република Бугарија.

Во рамките на проектот при неговото имплементирање ќе се спроведуваат следните активности:

Идејата за спроведување на ваков проект доаѓа од се поголемата потреба да се поддржат младите претприемачи во развивањето на нивната кариера или во градењето на сопствен бизнис како и да им се создаде можност за полесно влегување на странските пазари.

Со имплементацијата на зацртаните активности на проектот ќе се добие комплетно и легитимно истражување за моменталната состојба на младите невработени или самовработени лица во Југоисточниот регион на Република Македонија, кое истражување ќе послужи за успешно создавање на нови модерни и иновативни алатки со користење на најновите технологии кои ќе им помогнат на истите тие лица при развојот на нивната кариера или бизнис. Исто така, ќе се изработат две брошури со детални и релевантни информации за тоа како успешно и конкурентно, заинтересираните странки, ќе можат да се приклучат на македонскиот и бугарскиот пазар.

Со организирањето на настанот „Денови на кариерата“, на младите лица детално ќе им се претстави потребата од доживотно учење и можностите за дополнително образование, како и важноста да се премости јазот помеѓу образованието и деловните потреби.

Додека, целта на бизнис-бизнис(B2B) состанокот е да се сретнат претприемачи и идни претприемачи од Македонија и Бугарија, со партнери од другата страна на границата во преку граничниот регион. На настанот ќе се симулира бизнис-бизнис(B2B) вмрежување меѓу нив со главна цел да ги охрабри да влезат на странските пазари.

Спроведувањето на проектот е започнато со тоа што веќе се организирани двата B2B настани, со тоа што првиот B2B настан ќе се одржи на 7 и 8 Јуни во Хотел „Тивериопол“ во Струмица, а вториот B2B настан ќе се одржи на 21 и 22 Јуни во Гоце Делчев, Бугарија.

На настанот во Струмица пред учесниците, своите услуги, ќе ги презентираат претставници на банките од Република Македонија, претставници на Стопанските Комори на Република Македонија, како и претставници на Југоисточниот плански регион и општините во истиот. За подетални информации можете да ја посетите веб страната на здружението „ИНВЕНТИВНОСТ“: www.inventivnost.com.

Проектот ќе се спроведува до крајот на 2014 година.

_________________________________________________________________________________

За подетални информации можете да ги контактирате лицата:

Александар Јашков, ПР експерт на проектот „JINGER“

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

+389 (0)78 69 83 96

+389 (0)75 34 26 34

Ристо Гегов, Медиа менаџер на проектот „JINGER“

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

+389 (0)77 66 44 37

_________________________________________________________________________________