- Details
- Written by Ѓурѓица Ристова
- Category: Новости
- Hits: 3300
Проектот Shared Entrepreneurship Environment for Creative Youth - „Споделена претприемачка околина за креативна младина“ се спроведува во соработка со партнерите од Република Бугарија, Фондација за културен и интелектуален развој „Оптимист“ од Гоце Делчев Република Бугарија, финансиран од страна на Европската Унија преку ИПА прекуграничната програма Бугарија - Македонија.
Имплементацијата на проектот има за цел да стане дел од решението за некои од најголемите слабости кои прекуграничната област во двете земји ги има: високо ниво на невработеност, а особено невработеноста на младите; недостаток на заедничка претприемачка животна средина; и миграцијата на младите. Еден од најголемите проблеми во двете земји е високата стапка на NЕЕТs (млади луѓе кои не се вклучени во образовниот процес, не се вработени, и не посетуваат обука).
Предности на проектот се: Специфицирање на целна група млади луѓе кои не се мотивирани за вработување, но би можеле да имаат добар капацитет за самовработување особено во креативна индустрија, доколку имаат соодветна поддршка; 2 / младите се флексибилни, тие се способни да развијат нови идеи, повеќето од нив во креативната индустрија; 3 / Оваа потреба не е развиена во прекуграничниот регион и тоа ќе го привлече вниманието на локалната заедница.
Главен резултат на проектот е креирање на два заеднични работни простори за мотивирани млади луѓе од креативната индустрија во двете земји, во Радовиш и Гоце Делчев. Со нив тие ќе добијат не само просторот, туку, исто така, обуки и консултации за поддршка во претприемништвото, развој и управување со бизнис, маркетинг, влез на странските пазари. Покрај тоа тие ќе се сретнат со потенцијални партнери со исти интереси.
Во рамките на проектот при неговото имплементирање ќе се спроведат следните активности:
- Кампања за подигнување на јавната свест
- Развој на заеднички методологија за ангажирање и градење на капацитетите на младите
- Имплементација на методологијата за споделена претприемачка околина
- Ангажирање на идните co-working корисници со менторска поддршка
- Поттикнување на претприемачки настани во Струмица и во Благоевград