Спроведувањето на проектот "JINGER" продолжува, со тоа што веќе се организирани двата B2B настани, од кои првиот B2B настан ќе се одржи на 7 и 8 Јуни во Хотел „Тивериопол“ во Струмица, а вториот B2B настан ќе се одржи на 21 и 22 Јуни во Гоце Делчев, Бугарија.

Целта на бизнис-бизнис(B2B) состанокот е да се сретнат претприемачи и идни претприемачи од Македонија и Бугарија, со партнери од другата страна на границата во преку граничниот регион. На настанот ќе се симулира бизнис-бизнис(B2B) вмрежување меѓу нив со главна цел да ги охрабри да влезат на странските пазари.

На настанот во Струмица пред учесниците, своите услуги, ќе ги презентираат претставници на банките од Република Македонија, претставници на Стопанските Комори на Република Македонија, како и претставници на Југоисточниот плански регион и општините во истиот.