Поради се поголемиот проблем  на младите луѓе во Југоисточниот регион кои сакаат да основаат сопствен бизнис, да изградат успешна кариера со добивање на практиканство или вработување во некоја од најуспешните компании, Здружението ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, во склоп на проектот JINGER,  организираше дводневен настан кој претставуваше одлично место за остварување на контакти помеѓу успешните компании и младите луѓе.

Едукативниот семинар „ДЕНОВИ НА КАРИЕРА“ ја оствари својата цел да ги поврзе младите студенти, дипломци, невработени лица и лица со завршено средно образование кои сакаат да стекнат вештини за аплицирање за практиканства или вработувања, со претставници од успешни компании и институции кои нудат вработување или практиканства на млади талентирани луѓе спремни да бидат дел од нивната организација.

Семинарот се оддржа на 6-ти и 7-ми Октомври во Хотел „Тивериопол“ во Струмица и на него присуствуваа повеќе од 40 млади лица од Југоисточниот регион, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија и претставници на повеќе успешни компании од истиот, меѓу кои и рудникот „Бучим“ од Радовиш, Стопанска Банка А.Д. Скопје и Идеја Плус, како и претставници од регионалните медиуми ТВ Кобра и ТВ Вис.

 

Време е за нови можности ...

Бидете дел од едукативниот семинар „Денови на Кариера“ кој ќе се одржи на 6ти и 7ми Октомври во Хотел „Тивериопол“ во Струмица.

Ако се уште бараш работа или пракса - брзо регистрирај се тука и пронајди го твојот работодавец на овогодинешните денови на кариера!

Пополнете ја регистрационата форма и станете дел од нашиот тим!

Спроведувањето на проектот "JINGER" продолжува, со тоа што веќе се организирани двата B2B настани, од кои првиот B2B настан ќе се одржи на 7 и 8 Јуни во Хотел „Тивериопол“ во Струмица, а вториот B2B настан ќе се одржи на 21 и 22 Јуни во Гоце Делчев, Бугарија.

Целта на бизнис-бизнис(B2B) состанокот е да се сретнат претприемачи и идни претприемачи од Македонија и Бугарија, со партнери од другата страна на границата во преку граничниот регион. На настанот ќе се симулира бизнис-бизнис(B2B) вмрежување меѓу нив со главна цел да ги охрабри да влезат на странските пазари.

На настанот во Струмица пред учесниците, своите услуги, ќе ги презентираат претставници на банките од Република Македонија, претставници на Стопанските Комори на Република Македонија, како и претставници на Југоисточниот плански регион и општините во истиот.

Здружението ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, активно започна со спроведувањето на прекуграничниот проект „Заедничко имплементирање на иновативни алатки за новата генерација на претприемачи и професионално развивање“ во соработка со партнерите од Република Бугарија, фондацијата „Каузи“ и фондацијата за културно и интелектуално развивање „Оптимист“, кој е финансиран од страна на Европската Унија преку ИПА прекуграничната програма Бугарија - Македонија.

Read more: Проект "JINGER"