- Details
- Written by Александар Јашков
- Category: За нас
- Hits: 9445
Здружението ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш својата работа и активностите кои ги спроведува ги темели врз основа на своите зацртани цели и задачи. Истите тие се темелат врз основа на претходно спроведени истражувања, научни трудови и елаборати според кои детално и прецизно се утврдени насоките на дејствување на здружението.
Нашите цели и задачи се:
- Регионален, рурален и локален развој во областа на економијата, социјалната политика и заштитата на животната средина во Република Македонија;
- Развој на туризмот и туристичката промоција на локално и регионално ниво;
- Развој на меѓуграничната соработка на Република Македонија со соседните земји;
- Истражувања за перспективите за развој на стопанството на Република Македонија;
- Изработка на Економско финансиски стратешки документи, анализи, студии и развојни планови;
- Анализа на ефектите од одредени законски решенија врз работењето на деловните субјекти во Република Македонија;
- Едукации за физичките лица кои планираат да основаат трговски друштва, за бизнис климата и законските обврски во Република Македонија;
- Советувања на деловните субјекти за промената во законската регулатива;
- Предвидување и планирање на економската активност заедно со сите главни економски варијабли во македонската економија;
- Испитување на ефектите врз тековите на странски директни инвестиции, ефектите од проширување на светската економска криза во евро зоната, како и други директни и индиректни ефекти;
- Подржување, поттикнување и вклучување во хуманитарни, мировни и други видови на грагански иницијативи;
- Иницирање и остварување на мегуопштинска соработка;
- Развој на Граѓанското Општество;
- Едукација, промоција и заштита на Човековите Права;
- Развивање на културната афирмација и култура на мирот;
- Подобрување на животната околина и животниот стандард;
- Образованието на младите лица.