Имплементацијата на проектот има за цел да стане дел од решението за некои од најголемите слабости кои прекуграничната област во двете земји ги има: високо ниво на невработеност, а особено невработеноста на младите; недостаток на заедничка претприемачка животна средина; и миграцијата на младите. Еден од најголемите проблеми во двете земји е високата стапка на NЕЕТs (млади луѓе кои не се вклучени во образовниот процес, не се вработени, и не посетуваат обука).
Предности на проектот се: Специфицирање на целна група млади луѓе кои не се мотивирани за вработување, но би можеле да имаат добар капацитет за самовработување особено во креативна индустрија, доколку имаат соодветна поддршка; 2 / младите се флексибилни, тие се способни да развијат нови идеи, повеќето од нив во креативната индустрија; 3 / Оваа потреба не е развиена во прекуграничниот регион и тоа ќе го привлече вниманието на локалната заедница.
Главен резултат на проектот е креирање на два заеднични работни простори за мотивирани млади луѓе од креативната индустрија во двете земји, во Радовиш и Гоце Делчев. Со нив тие ќе добијат не само просторот, туку, исто така, обуки и консултации за поддршка во претприемништвото, развој и управување со бизнис, маркетинг, влез на странските пазари. Покрај тоа тие ќе се сретнат со потенцијални партнери со исти интереси.