• Утврдување на недостатоците и позитивните страни на актуелните политики во областа на јавните набавки на локално ниво – во општините Радовиш и Конче, а заради развивање на позитивни практики на превенција како услов за некоруптивно и транспарентно извршување на јавните набавки.
  • Со имплементацијата на овој проект се очекува да се постават на повисоко ниво по својот квалитет   политиките на локално ниво насочени кон спречување на појавите на судир на интереси, корупција, непотизам и нетранспарентно извршување на јавните набавки.