Согласно со повикот, еден претставник на Здружението на 25 јули 2014 година присуствуваше на задолжителната обука за истражувачки методи и изработка на извештаи .

 

Во периодот од 25 јули до 10 август 2014 година беа одржани координативни состаноци на учесниците во проектот на кои се утврди оперативниот план за дејствување.

Во овој термин се подготви листа на законски прописи од областа на јавните набавки, како и од други сродни области кои се релевантни за политиките на локално ниво насочени кон спречување на појавите на судир на интереси, корупција, непотизам и нетранспарентно извршување на јавните набавки.

Активност која се изврши во овој период е и изработка на список на лица од договорни органи, економски оператори, од граѓански сектор и новинари, кои согласно нивните познавања на областа на јавните набавки се релевантни стручни лица за спроведување на полу-структуирано интервју. Согласно списокот на предвидените лица, се изработи и структура на прашањата.

Се формираа фокус групите на бизнисмени кои учествувале на општински тендери и тоа по една фокус група од Радовиш и Штип . За успешна работа на фокус групите се определија теми и иницијални прашања, односно се утврди структурата на активностите со нив.

Од 11 до 30 август 2014 година се подготви кратка анализа на законските прописи од областа на јавните набавки, како и од други сродни области кои се релевантни за политиките на локално ниво насочени кон спречување на појавите на судир на интереси, корупција, непотизам и нетранспарентно извршување на јавните набавки.

Во овој период се оствари контакт со лицата за полу-структуирано интервју и со учесниците во фокус групите за да се договорат термините за извршување на овие активности.

Од 01- 20 септември 2014 година се реализираа активности со лица од договорни органи, економски оператори, од граѓански сектор и новинари, кои согласно нивните познавања на областа на јавните набавки се релевантни стручни лица за спроведување на полу-структуирано интервју. Во овој период се оствари и активност со фокус групите по однос на определените теми и иницијални прашања, како и други прашања кои се јавија во текот на дискусијата.

Од 21 септември до 14 октомври 2014 година, се изврши анализа на извршените интервјуа, обработените прашања при работа со фокус групите, и заедно со претходно извршената анализа, се подготви Извештајот од истражувачките активности.

Во овој Извештај, се содржани препораки за позитивни практики на превенција – услов за некоруптивно и транспарентно извршување на јавните набавки, како и начините и правците за нивен развој.

Од 15 до 20 октомври 2014 година се изврши евалуација на Извештајот од истражувачките активности од страна на експерт – евалуатор , односно од страна на проф.д-р Никола Тупанчески.

Еден претставник од Здружението присуствуваше на задолжителната обука за дисеминација на истражувачките резултати во октомври 2014 .

Од 21 -23 октомври 2014 година се испечати во вид на брошура Извештајот од истражувачките активности за Препораки за развивање на позитивни практики на превенција – услов за некоруптивно и транспарентно извршување на јавните набавки. Беа испратени покани за присуство на презентација на Извештајот и се обезбеди медиумска покриеност на настанот.

На 24 октомври 2014 година се одржи настан – Презентација на Извештај од истражувачките активности за Препораки за развивање на позитивни практики на превенција – услов за некоруптивно и транспарентно извршување на јавните набавки.

На 25 октомври се објави презентираниот Извештај на веб страната на Здружението, веб страни на локалните самоуправи, фирми кои биле учесници во фокус групите, и се достави до 3000 електронски адреси на претставници на договорни органи, економски оператори, граѓански здруженија, медиуми и други заинтересирани физички и правни лица.