Проектен Тим:

 

Менаџер на проектот

 

Проф. Др. Јанка Димитрова

 

Координатор на проектот

 

Ирена Ристевска

 

PR менаџер на проектот

 

Александар Јашков

 

Медиумски менаџер

 

Ристо Гегов

   

 

Проектот „Заедничко имплементирање на иновативни алатки за новата генерација на претприемачи и професионално развивање“ се спроведува во соработка со партнерите од Република Бугарија, фондацијата „Каузи“ и фондацијата за културно и интелектуално развивање „Оптимист“, кој е финансиран од страна на Европската Унија преку ИПА прекуграничната програма Бугарија - Македонија.

Основната цел на проектот е подобрување на вработување преку поддршка на развојот на кариерата и промовирање на претприемништвото за одржлив економски раст во прекуграничната област со подобрување на пристапот до информации, ИКТ алатки, трансфер на најдобри практики и градење на економска синергија за малите и средни претпријатија во Југоисточниот регион на Република Македонија и во регионот на Ќустендил и Благоевград во Република Бугарија.

Во рамките на проектот при неговото имплементирање ќе се спроведуваат следните активности:

  • Истражување за тековната економска состојба во преку граничниот регион;
  • B2B состаноци во Струмица – Македонија и Гоце Делчев - Бугарија;
  • Денови на Кариера во Струмица – Македонија и Благоевград - Бугарија;
  • Развој на 2 тријазични водичи (Македонски, Бугарски и Англиски) „Како да се влезе на Бугарскиот пазар” и „Како да се влезе на Македонскиот пазар”;
  • WEB базиран тренинг систем за поддршка на младите претприемачи и развој на иновативни алатки.

    Read more: JINGER