- Details
- Written by Ѓурѓица Ристова
- Category: Новости
- Hits: 7746
Покана
Почитувани,
Здружение ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш во соработка со партнерите, Фондација за културен и интелектуален развој Оптимист“ од Гоце Делчев Бугарија го имплементираатпроектот “Споделена претприемачкa околкина за креативна младина", кој што е финансиран од Европската Унија од ИПА програмата за меѓугранична соработка Македноја – Бугарија.
Спроведувањето на проектот е насочено да помогне за надминување на најсериозните слабости на прекуграничниот регион, во областа на младинското претприемништво како што се: високиот процент на невработеност на младите, недоволна поддршка и миграција на младите кон други региони. Дополнително, еден од најголемите проблеми и во двете земји е високиот процент на NEETs (млади луѓе кои не се во работен однос, не се вклучени во образовниот процеси и не се обучуваат).
Главна целна група на проектот се млади луѓе од прекуграничниот регион, кои ќе добијат можност да добијат иновативна услуга за учење и можност да се развиваат во сферата на креативна индустрија. Во рамките на проектот ќе бидат изградени два заеднички работни простори (еден во Радовиш и еден во Гоце Делчев), за младите со бизнис идеи во областа на креативните индустрии (фотографи, архитекти,графички дизајнери, писатели, карикатуристи, моден дизајн, мебел дизајн, ентериерно уредување, и др.).Младите од креативната индустријаво заедничкиот работен простор ќе имаат можност да користат обуки и менторска поддршка за стекнување на вештини за управување со мал бизнис, како и да ги претстават своите креативни бизнис идеи пред претставници на бизнис секторот, финансиските и државните институции.
За таа цел ги покануваме младите да замат учество во спроведувањето на проектните активности со пополнување на Барањето за учество објавено на www.inventivnost.comи на facebook
Ве молиме потврдете го Вашето присуство со пополнување на пријавата за учество, која што можете да ја испратите на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..
За дополнителни информации слободно контактирајтене на e-mail или на 032/633-632, 072/208-072..
Со почит,
Здружение ИНВЕНТИВНОСТ
Радовиш
До ………………………………..
Раководител на проектот
Б А РАЊ Е
Од..............................................................................................................................
/трите имиња/
Тел.:..........................e-mail:...............................................skype..................................
Работно место/образование...........................................................................................
/се посочува точното име на фирмата/учебнатаинституција/
Почитувани,
Ве Молам да бидам вклучен/а како учесник вопроектот “Споделена претприемачкa околкина за креативна младина", за интерактивна обука по претприемништво и претставување на сопствена бизнис/социјална идеја.
Гр............................ Потпис:…………………………………..
Дата........................
ИЗЈАВА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ
Потпишаниот/ата.............................................................................................................,
восвојство на УЧЕСНИК вопроектот “Споделена претприемачкa околкина за креативна младина",
изјавувам дека:
ГО ОТКАЖУВАМ МОЕТО ПРЕДЛОЖЕНО УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ“Споделена претприемачкa околкина за креативна младина", ПОРАДИ СЛЕДНИТЕ ПРИЧИНИ:
............................................................................................................................................
дата............................. Потпис:.............................
- Details
- Written by Ѓурѓица Ристова
- Category: Новости
- Hits: 3494
Проектот Shared Entrepreneurship Environment for Creative Youth - „Споделена претприемачка околина за креативна младина“ се спроведува во соработка со партнерите од Република Бугарија, Фондација за културен и интелектуален развој „Оптимист“ од Гоце Делчев Република Бугарија, финансиран од страна на Европската Унија преку ИПА прекуграничната програма Бугарија - Македонија.
Имплементацијата на проектот има за цел да стане дел од решението за некои од најголемите слабости кои прекуграничната област во двете земји ги има: високо ниво на невработеност, а особено невработеноста на младите; недостаток на заедничка претприемачка животна средина; и миграцијата на младите. Еден од најголемите проблеми во двете земји е високата стапка на NЕЕТs (млади луѓе кои не се вклучени во образовниот процес, не се вработени, и не посетуваат обука).
Предности на проектот се: Специфицирање на целна група млади луѓе кои не се мотивирани за вработување, но би можеле да имаат добар капацитет за самовработување особено во креативна индустрија, доколку имаат соодветна поддршка; 2 / младите се флексибилни, тие се способни да развијат нови идеи, повеќето од нив во креативната индустрија; 3 / Оваа потреба не е развиена во прекуграничниот регион и тоа ќе го привлече вниманието на локалната заедница.
Главен резултат на проектот е креирање на два заеднични работни простори за мотивирани млади луѓе од креативната индустрија во двете земји, во Радовиш и Гоце Делчев. Со нив тие ќе добијат не само просторот, туку, исто така, обуки и консултации за поддршка во претприемништвото, развој и управување со бизнис, маркетинг, влез на странските пазари. Покрај тоа тие ќе се сретнат со потенцијални партнери со исти интереси.
Во рамките на проектот при неговото имплементирање ќе се спроведат следните активности:
- Кампања за подигнување на јавната свест
- Развој на заеднички методологија за ангажирање и градење на капацитетите на младите
- Имплементација на методологијата за споделена претприемачка околина
- Ангажирање на идните co-working корисници со менторска поддршка
- Поттикнување на претприемачки настани во Струмица и во Благоевград
- Details
- Category: Новости
- Hits: 4415
Согласно со повикот, еден претставник на Здружението на 25 јули 2014 година присуствуваше на задолжителната обука за истражувачки методи и изработка на извештаи .
Во периодот од 25 јули до 10 август 2014 година беа одржани координативни состаноци на учесниците во проектот на кои се утврди оперативниот план за дејствување.
Во овој термин се подготви листа на законски прописи од областа на јавните набавки, како и од други сродни области кои се релевантни за политиките на локално ниво насочени кон спречување на појавите на судир на интереси, корупција, непотизам и нетранспарентно извршување на јавните набавки.
Активност која се изврши во овој период е и изработка на список на лица од договорни органи, економски оператори, од граѓански сектор и новинари, кои согласно нивните познавања на областа на јавните набавки се релевантни стручни лица за спроведување на полу-структуирано интервју. Согласно списокот на предвидените лица, се изработи и структура на прашањата.
Се формираа фокус групите на бизнисмени кои учествувале на општински тендери и тоа по една фокус група од Радовиш и Штип . За успешна работа на фокус групите се определија теми и иницијални прашања, односно се утврди структурата на активностите со нив.
Од 11 до 30 август 2014 година се подготви кратка анализа на законските прописи од областа на јавните набавки, како и од други сродни области кои се релевантни за политиките на локално ниво насочени кон спречување на појавите на судир на интереси, корупција, непотизам и нетранспарентно извршување на јавните набавки.
Во овој период се оствари контакт со лицата за полу-структуирано интервју и со учесниците во фокус групите за да се договорат термините за извршување на овие активности.
Од 01- 20 септември 2014 година се реализираа активности со лица од договорни органи, економски оператори, од граѓански сектор и новинари, кои согласно нивните познавања на областа на јавните набавки се релевантни стручни лица за спроведување на полу-структуирано интервју. Во овој период се оствари и активност со фокус групите по однос на определените теми и иницијални прашања, како и други прашања кои се јавија во текот на дискусијата.
Од 21 септември до 14 октомври 2014 година, се изврши анализа на извршените интервјуа, обработените прашања при работа со фокус групите, и заедно со претходно извршената анализа, се подготви Извештајот од истражувачките активности.
Во овој Извештај, се содржани препораки за позитивни практики на превенција – услов за некоруптивно и транспарентно извршување на јавните набавки, како и начините и правците за нивен развој.
Од 15 до 20 октомври 2014 година се изврши евалуација на Извештајот од истражувачките активности од страна на експерт – евалуатор , односно од страна на проф.д-р Никола Тупанчески.
Еден претставник од Здружението присуствуваше на задолжителната обука за дисеминација на истражувачките резултати во октомври 2014 .
Од 21 -23 октомври 2014 година се испечати во вид на брошура Извештајот од истражувачките активности за Препораки за развивање на позитивни практики на превенција – услов за некоруптивно и транспарентно извршување на јавните набавки. Беа испратени покани за присуство на презентација на Извештајот и се обезбеди медиумска покриеност на настанот.
На 24 октомври 2014 година се одржи настан – Презентација на Извештај од истражувачките активности за Препораки за развивање на позитивни практики на превенција – услов за некоруптивно и транспарентно извршување на јавните набавки.
На 25 октомври се објави презентираниот Извештај на веб страната на Здружението, веб страни на локалните самоуправи, фирми кои биле учесници во фокус групите, и се достави до 3000 електронски адреси на претставници на договорни органи, економски оператори, граѓански здруженија, медиуми и други заинтересирани физички и правни лица.
- Details
- Written by Александар Јашков
- Category: Новости
- Hits: 3677
Поради се поголемиот проблем на младите луѓе во Југоисточниот регион кои сакаат да основаат сопствен бизнис, да изградат успешна кариера со добивање на практиканство или вработување во некоја од најуспешните компании, Здружението ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, во склоп на проектот JINGER, организираше дводневен настан кој претставуваше одлично место за остварување на контакти помеѓу успешните компании и младите луѓе.
Едукативниот семинар „ДЕНОВИ НА КАРИЕРА“ ја оствари својата цел да ги поврзе младите студенти, дипломци, невработени лица и лица со завршено средно образование кои сакаат да стекнат вештини за аплицирање за практиканства или вработувања, со претставници од успешни компании и институции кои нудат вработување или практиканства на млади талентирани луѓе спремни да бидат дел од нивната организација.
Семинарот се оддржа на 6-ти и 7-ми Октомври во Хотел „Тивериопол“ во Струмица и на него присуствуваа повеќе од 40 млади лица од Југоисточниот регион, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија и претставници на повеќе успешни компании од истиот, меѓу кои и рудникот „Бучим“ од Радовиш, Стопанска Банка А.Д. Скопје и Идеја Плус, како и претставници од регионалните медиуми ТВ Кобра и ТВ Вис.